Welcome to the web-site of the insaNe brotherhooD™
 
HomePortalCalendarFAQSearchMemberlistUsergroupsRegisterLog in

Share | 
 

 Call of Duty: Black Ops

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
avatar

Posts : 29
Join date : 2011-01-04

PostSubject: Call of Duty: Black Ops   Wed Jan 05, 2011 3:30 am

Call of Duty: Black Ops е најновата игра од серијалот Call of Duty, изработена од Treyarch и издадена од страна на Activision.
Нема да претераме ако кажеме дека ова е една од најочекуваните игри за оваа година. Впрочем, секоја година е така - денот кога излегува новата Call of Duty е празник за сите гејмери.

Но, дали ова е празник кој заслужува да го славиме?

Гејминг
Ако нешто не е расипано, тогаш не го поправај!
Очигледно ова е мотото според кое се водат Treyarch, па затоа и оваа Call of Duty е како и сите други. Што значи можете да очекувате огромни количини на акција (иако скриптирана), многу оружја, крв и напнати моменти. Секако, не очекувајте ништо повеќе од ова, во поглед на гејмплејот.
Кампањата, стандардно, е кратка и со многу скриптирани моменти. Секако, сето тоа убаво изгледа, ама има две мали нешта кои сметаат:
1. Колку и да е убаво и интересно, сфаќате дека се е скриптирано.
2. Ова е веќе 7мата CoD, а нема некои промени во формулата и искрено...станува малку репетитивно и досадно.
Друг голем проблем се баговите - скриптираните секвенци се "мрзливо" обработени - ми се случи со мојот хеликоптер да пројдам низ противнички хеликоптер како да е дух. Зашто? Бидејќи програмерите не замислиле јас да летам како сакам, него има да летам они како сакаат!
Но, да не бидеме сурови, играта има свои моменти, кои навистина се феноменални и вредат да се видат. Ќе рушите згради, ќе обезглавувате војници, ќе се "пентарите" по Антартикот...и уште многу луди работи!


Графика
Знаете како викаат, "it's all fun and games until Nvidia comes". Во превод, играва е, благоречено, неоптимизирана.
Ако навлеземе во детали, ќе сфатиме дека овде и лежи најголемиот проблем.
На 90% од компјутерите играта сецка, без разлика дали имате quad-core процесор или пак обичен пентиум 4ка. Сето ова би требало да се поправи со patch во брзо време, но за игра која претендира да биде "Game of the Year"; срамота е да излезе од "фабриката" без тестирање. Фрапантно е како некој може да пушти ваква игра во продажба. Не, срамота е.
Но ајде, ќе се среди со patch тоа. А што со остатокот од графиката?
Па, нема некои огромни промени од онаа графика на Modern Warfare 2. Текстурите и shader-ите се исти, само локациите се менуваат. За среќа, локациите се одлични, како од Џејмс Бонд филм. Не би ви ги кажувал, за да не ви го расипам изненадувањето.
Звук
Звукот и никогаш не бил проблем за Treyarch. Во "World at War" беше одличен, а и овде е одличен. Куршумите се моќни, тенковите се помоќни, а базуките растураат.
Сараундот "фрчи" со куршуми околу вас, тоа е прав филинг на војна. Околината е интерактивна, комуницира со вас - кога ќе скршите стакло, парчињата летаат "околу" вас на сараундот, а дождот паѓа од сите страни. Пофалба и за глумачката постава, која е како во високо-буџетен филм. Тука е Sam Worthington како главниот лик, а улоги имаат и Ed Harris и Gary Oldman. Чиста 10ка за глумата, односно гласовите во играва.
Единствено, ако би морале да замериме за нешто,тогаш тоа е клише изборот на музика, која веќе е користена во ваквите воени филмови.
Заклучок
Кога ја започнав овогодинешната Call of Duty, си реков "по ѓаволите, еве уште 5-6 саати мисии од една иста, репетитивна војна и мисии". Но, играта има софистицираност и елегантност, заради која ќе сакате да ја свртите уште при првото играње. Пофалба за внесувањето на колку-толку интересна приказна, која ве држи врзани за столчето.
Ако ги средите проблемите со графиката и сецкањето, несомнено ќе уживате во оваа игра. Само, нема ништо ново...се е веќе видено. Којзнае, можеби во следната верзија...
Back to top Go down
View user profile http://ib-team.board-directory.net
 
Call of Duty: Black Ops
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Call of Duty Black Ops 2 doesn't run at 1080p on the WiiU.
» How to take the screen shot? when i set a kwargs, it is showing error... when i not set kwargs it is coming black color as background
» Advocates Call for Immediate Ban of All GM Foods and GM Crops
» offering cheap call to bd,india.pak and a2z.
» My Pokémon Black game won't load on my 3DS!?

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
insaNe brotherhooD :: General :: НОВОСТИ-
Jump to: