Welcome to the web-site of the insaNe brotherhooD™
 
HomePortalCalendarFAQSearchMemberlistUsergroupsRegisterLog in

Share | 
 

 Најпознатиот хакер во светот, специјален гостин во Скопје

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
avatar

Posts : 29
Join date : 2011-01-04

PostSubject: Најпознатиот хакер во светот, специјален гостин во Скопје   Wed Jan 05, 2011 3:33 am

Порано бил озлогласен хакер, а денес предава како да се заштитат од таквите како него. Најпознатиот хакер во светот Кевин Митник е во Скопје. Два дена ќе ги учи македонските ај ти инженери како да го спречат интернет криминалот. А неговите лекции ги слушаше и министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

- Сум зборувал пред ФБИ, НАСА, ги обучував ФАА...Повеќе не сум на ничија црна листа,фала Богу. Чест ми е што и министерот за информации е присутен на мојата конференција денеска.- изјави Кевин Митник.

Се барал со потерница, зошто влегол во системите на ФБИ, Нокиа, Моторола, Фуџитсу. Одлежал 5 години затвор, а по излегувањето во 2000-та, три години му било забрането да користи интернет, дури немал ни мобилен телефон.За неговите сајбер авантури е снимен филм, а денес има сопствена консултантска куќа за компјутерска заштита. Вели дека не му било до пари, туку станал хакер повеќе од љубопитност.

- Јас бев најбаран хакер во светот во раните 90-ти. Моето хакерство не беше како денешново. Моето беше интелектуален предизвик, истражување на науката, љубопитност. Денес хакерите тоа го прават заради профит.- вели Митник.

За да се слушне искуството лично од Митник треба да се плати од 100 до 400 – тини евра. За камерите беше забрането да снимаат кога тој демонстрираше колку е лесно да се влезе во нечија банкарска сметка, електронска пошта, податоци од мобилен. Се што научија од него, оние кои дојдоа на предавањето можат да го искористат само за да спречат, а не да направат криминал. Искусниот хакер не го познава лично колегата Асанж од Викиликс, но го поддржува во неговиот подвиг.

- Тоа е еден вид опасна игра. Доколку предизвикаш бес на некоја влада,не знаеш дали ќе те следат или ќе направат нешто полошо. Тој ризикува, но мислам дека тој верува во тоа и сака тие информации да ги обелодени. Тоа е негова "Крстоносна војна" – смета најпознатиот хакер во светот.

Македонија ја вброи во помалку безбедните земји и примамливи за сајбер криминалците. Но, тоа не е само компјутерски проблем, туку и луѓето треба да бидат претпазливи дека некој им ги демне парите на сметка, тајните документи на имејл и податоците во мобилните телефони.

Превземено од kanal5.com.mk
Back to top Go down
View user profile http://ib-team.board-directory.net
 
Најпознатиот хакер во светот, специјален гостин во Скопје
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
insaNe brotherhooD :: General :: НОВОСТИ-
Jump to: