Тимот ENTiTY ја порази фаворизиранта репрезентација од Данска во Counter Strike и со тоа и ја донесе првата победа на Македонија на Големото Финале WCG 2010 во Лос Анџелес. Натпреварот се одигра во текот на вчерашниот ден, a oва воедно е и првата победа на Македонската е-Спорт Федерација на годинешното е-спорт финале. Тимот ENTiTY беше победник на Националното првенство во Македонија во организација на Македонската е-Спорт Федерација, а помогнато од Град Скопје и T-Home. Денес ќе се одиграат уште два меча, првиот против тимот bet4gamers од Шпанија, а вториот против Earthquake од Романија. Излезот од групата е на повидок, но за таа цел потребна ќе биде уште една победа. Ни останува само да се надеваме на тоа и секако им посакуваме многу среќа на нашите гејмери во Лос Анџелес.