Според извештај на сајтот MCV, два "големи" издавачи кои користат дигитална дистрибуција се пред банкрот, а две британски продавници за игри размислуваат да воведат бан на игрите кои користат Steam.
Steam е дигитална платформа на Valve, која ги има почетоците уште во Half-Life во 1998ма година и која зема голем замав во последните години.
Со превземајќи огромни наслови како Call of Duty, Steam се зацврсти како број 1 платформа за купување и симнување на видео-игри.
Сепак, самиот извештај можеби е субјективен, бидејќи мислењата на кои се базира се од самите конкуренти на Valve/Steam, односно други дигитални "продавачи" на видео игри. Тие велат дека се повеќе корисници се префрлуваат на Steam, бидејќи тоа не е само систем на продажба, туку цел сервис кои им нуди повеќе опции на гејмерите. Затоа, игрите кои користат Steam не можат да бидат продавани преку други дигитални канали.
Хех, жал ни е за нив, но наместо да се жалат, можат да ги засукаат ракавите и да поработат малку на подобрување на своите системи!